Руралните општини браат подршка од централната власт

Малите рурални општини бараат поголема поддршка од централната власт, за да дојдат до фондовите на ЕУ. Сметаат дека најголем недостаток им се малите буџети, но и администрацијата, којашто на прсти ја бројат, за разлика од поголемите ликвиди општини. Дел од долговите им се решени со помош од државата. Решенијата ги гледаат во регионалното поврзување и менаџирање, за што и Невладиниот сектор неколку пати сугерира да се формира гарантен фонд по примерот на Грција.

Од ресорното министерство забележуваат дека помалите општини добиваат средства од Македонскта банка за поддршка на развој, а им се помга и на други начини.

Се уште не решена инфраструктура, без водовод и канализација се голем дел од селата во источна Македонија. Шанса за подобрување на основните услови за живот се гледа во  добивање на средства и од државната каса, но и од ЕУ фондовите. Донаторите, но и експертите алармираат дека општините треба да поработат на своите капацитет, а најслаби се во изготвувањето на техничките документации.  

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ