
Есенската акција за чистење на дивите депонии во Битола
Над 200 метри кубни ѓубре е собрано во есенската акција за чистење на дивите депонии во урбаниот дел на Битола. Со своја механизација учествуваа сите јавни комунални претпријатија, а се приклучија и голем број граѓани кои живеат во близина на овие депонии
-Ако сите чистиме, внимаваме ќе биде чисто. Секоја недела да имаме акции, ако другите валакаат и фрлаат ѓубре, ќе биде постојано валкано, рече една битолчанка
-Ние граѓаните треба да ја подигнеме свеста и да помогнеме во овие акции, рече друга граѓанка.
Од ЈП „Комуналец“ тврдат дека има доволно контејнери низ градот, но, велат, лошите навики на граѓаните се причина за создавањето на диви депонии и тоа постојано на исти локации. Сепак, ваквите акции имаат ефект, затоа што во споредба со претходни години депониите се помалку на број.
-Оваа година има ѓубре во помала количина за разлика од минатите години. Тоа значи дека веќе се подига свеста на граѓаните дека не треба да се создаваат тие депонии, рече Панде Богоевски, директор на ЈП Комуналец-Битола
Од Општина Битола велат дека комуналната инспекција изрекува казни кога ќе затекне граѓани да ја загадуваат околината, а наскоро ќе постапува и на приватни имоти, кои иако имаат сопственици, се запуштени и претворени во депонии.
Емилија Мисирлиевска