„Данке Дојчланд“ за зеленото светло од Бундестагот за Македонија

Со зборовите „Данке Дојчланд“ дел од македонските политичари и се заблагодарија на Германија за давањето зелено светло за датум за прегповори со ЕУ. Претседателот на државата Стево Пендаровски, токму со оваа зборови, ја сподели информацијата на својот твитер профил дека Бундестагот со големо мнозинство гласови кажа да за прегвори со земјава.

На германските пратеници им се заблагодари и македонските премиер Заев, кој како што напиша на фејсбук, ја доби прексрасната вест во Њујорк.

Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел,

напиша Заев.

Вицепремиерот за европски прашања на Германија и се заблагодари преку постирање видео од неговото присуство на гласањето во Бундестагот синоќа. „Благодарам Берлин, Благодарам Германијо“, напиша Османи на твитер. Тој вчера имаше можност и лично да им се заблагодари на германские пратеници.

Шефот на дипломатијата, Димиторв, пак на германски на твитер напиша дека Бундестагот покажал лидерство.

Со признавањето на достигнувањата на Северна Македонија тој нè охрабрува да продолжиме напред и подобро. Ние исполнивме, вие исполнивте и ќе продолжиме да постигнуваме,

напиша Димитров.

Позитивната одлука на Бундестагот ја одбележа и Антониот Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој притоа нагласи дека зеленото светло и за Македонија и за Албанија е со силни критериуми за судството и реформите во администрацијата. За Милошоски отворено прашање останува одлуката на Холандија за зелено светло за двете земји.

На Германија и се забагодари и Независната пратеничка грпа од ВМРО-ДПМНЕ во контекст на својата одлука за гласање за уставните измени кои довеле до позитивни промени и придвижување за Македонија, што е сега потврдено преку одлуката на Бундестагот.

Одлуката на Бундестагот го сврте вниманието и кон Франција која засега, заедно со Холандија, останува неизвесно како ќе гласа во Европскиот совет. Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, изјави дека за тоа ќе се чека одлуката на Макрон.

Ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на Републиката. Како и секогаш, ние многу споделуваме со нашите германски партнери за оваа тема. Имаме добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа ги направи на регионален план. Ние, Французите и Германците многу добро знаеме дека треба уште многу, многу работа за реформите што се на хартија да станат реформи во реалност,

рече Тимоние.

Германскиот Бундестагот синоќа со 476 гласа „за“, 122 „против“ и 16 „воздражани“ донесе одлука Германија да даде зелено светло за датум за преговори од ЕУ за земјава.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ