Нов напад врз болнички персонал

Здравствените работници и понатаму мета на напади. Нешто пред полноќ нов инцидент- нападнати медицински лица во болницата 8ми септември по што интервенирала и полицијата.

Инцидентиот започнал кога на роднини им било соопштено дека нивниот близок  ја изгубил битката за живот, тука експлодирале и започнале расправија со персоналот. Обезбедуњето не успеало да ги спречи да влезат на интензивното одделение и да ги навредуваат лекарите и сестрите, кои за да спречат ексалирање на ситуацијата ја повикале полицијата. По интервенцијата на полицијата семејството решило да си го земе телото на починатиот.

Од МВР потврдуваа дека станува збор за вербален напад и дека  тие интервенирале синоќа. Синдикатот на медицинскиот персонал денеска на состанок со директорот Костов побара крај на ваквите конфликти. Ова е последен во серијата напади врз медицински лица, за што и минатата недела тие излегоа на протест барајќи засилени безбедносни мерки во болниците.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ