Недобивањето датум ќе го торпедира Договорот од Преспа?!

Влогот е голем, ако не почнеме пристапни преговори со ЕУ, тоа ќе ја намали волјата и на нашата и на другите влади во регионот, да потпишуваат непопуларни договори како Преспанскиот. Ова е оценката на Центарот за европски стратегии, кои забележуваат и дека, новата грчка влада, која во предизборието ветуваше ревизија на Договорот, сега омекна, особено за клучните работи, како што е обврската да не не блокираат за ЕУ и НАТО.

За аналитичарите е важно, двете општества да го стопат ледот таложен со децении меѓу населението. Сметаат дека дружењето дава  позитивни резултати,  и затоа треба почесто да се организираат настани како што беше неодамнешната дружба меѓу македонски и грчки новинари.

Ратификацијата на документите од Договорот оди потешко, но аналитичарите велат дека е важно е што процесот е ставен на шини и можеби ќе патува подолго, но сепак ќе се движи.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ