
Костов: Вербален конфликт а не физички напад во 8-ми Септември
Директорот на болницата “8-ми Септември”, Христијан Костов, негираше дека во текот на ноќта имало физички напад врз вработените во болницата, од страна на роднини на пациент кој починал на одделението за интензивна нега.
Според него, се случил само вербален конфликт меѓу роднините на починатиот и дежурната екипа на одделението за интензивна нега.
Според Костов, пациентот бил на 67-годишна возраст, кој бил примен истиот ден околу 14 часот. Иако била спроведена потребната дијагностика и третман, тој починал заради тешката здравствена состоја во која се наоѓал.
Вербалниот конфликт настанал кога семејството на пациентот било известено за неговата смрт.
Тогаш од страна на обезбедувањето била повикана и полицијата која брзо реагирала а по доаѓањето на полицијата, телото е земено од страна на фамилијата и е изнесено од болницата.
Костов негираше и дека пред неговата канцеларија имало протест на вработените на одделението за интензивна нега, информирајќи дека тој ги повикал вработените за да се информира подетално за настанот.