
Бундестагот со големо мнозинство одобри добивање датум за почеток на преговори
Германскиот Бундестаг со 476 гласа за, 122 против и 16 воздржани пратеници ја потврди одлуката на Германија, дека Македонија ги исполнува условите да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.
Ова значи, дека на самитот на европските лидери во октомври, Германија ќе одобри на Македонија да и се даде датум за почеток на преговори, но конечната одлука ја носат сите земји членки на унијата, а ставот на Франција и Холандија се уште е неизвесен.
Покрај за Македонија, Бундестагот го одобри барањето датум и за Албанија. 395 пратеници гласаа за, додека 188 беа против а воздржани повторно 16.