
Административците кои не работат добро ќе им се понудат на приватниот сектор
Административците кои не си ги изршуваат работните задачи ќе бидат прераспоредени на пониски понизции или ќе им се понудат на приватниот сектор.
Вака е замислена реформата во јавната администрација а резултатите се очекуваат догодина.
Приватните фирми кои ќе ги вработат овие лица ќе добијат одредени субвенции.
Секоја институција ќе треба да изготви регистер на вработени и да утврди каде има вишок на работни места.
Ако работните места се укинат забранети се нови вработувања за истата позиција. Ќе се врши и реорганизација на институциите, некои ќе се укинат а некои ќе се спојат.
Синдикатот на УПОЗ смета дека се работи за лоши законски решенија и реагира што ниту едно нивно барање и забелешка не се прифатени особено во делот на унапредувањето, висината на платите и дисциплинските постапки.
За предлог измените на законите за вработени во јавниот сектор и за административни службеници власта ќе бара подршка од Стопанската комора, синдикатите, граѓанските организации и од опозицијата.
Целта е да се намали превработеноста и да се создаде мала и ефикасна администрација.
Јулијана Пешевска