
Отворените листи поизвесни од една изборна единица
За судбината на помалите партии повторно ќе одлучуваат големите. Постоечкиот изборен модел ќе биде сменет само доколку големите партии дадат согласност и покрај тоа што ова беше едно од предизборните ветувања на актуелната влада.
Неофицијално, засега нема расположение кај поголемите партии за една изборна единица. Помалите ќе добијат утешна награда-отворени листи, преку кои граѓаните ќе можат да ги заокружуваат имињата на тие кои сакаат да бидат избрани.
Сепак, ќе се разговара за промена на бројот на изборни единици, кој или ќе се намали на три или ќе се зголеми на 8.
Претседателот Пендаровски смета дека, не треба да се брза со промена на изборниот модел иако, а ако се договорат партиите, може и тоа да се случи.
Помалите партии, сепак, инсистираат на тоа дека, сега е вистинскиот момент за една изборна единица.
Помалите партии бараат и рамноправен третман во медиумската кампања, каде колачот се дели главно меѓу големите партии, како и во финансирањето.
Министерот за информатичко општество тврди дека постоечкиот модел за финансирање на партиите е неодржлив, а нема расположение ниту за професионализација на Државната изборна комисија.
На денешната дебата беше најавено дека работни групи следните месеци ќе разговараат за сите овие прашања.
Далиборка Демјанска Цветановска