Синдикатот контра предлогот на ССМ за увоз на работна сила

Сојузот на синдикати контра предлогот на Стопанската комора на Македонија да се овозможи увоз на работна сила која му недостасува на стопанството.

Од ССМ за Телма велат дека не се согласуваат со идејата државата да ги отвори вратите за странски работници затоа што во земјава има доволен човечки потенцијал кој може да биде вклучен во развојот на економијата.

„Нашите работници се подготвени да одговорат на потребите и предизвиците на стопанството. Работодавачите се тие кои треба прецизно да дадат забелешки при креирањето на образовни програми кои одговараат на нивните потреби“ – вели за Телма првиот човек на ССМ.

Од Владата пак иако најавија дека ќе испратат став, за предлогот, засега одговор нема.

Првиот човек на Стопанската комора на Македонија пак вчера порача дека бизнисмените треба сами да најдат репшение за недостигот на стручен кадар со соодветни вештини, а не да чекаат субвенции од владата.

При тоа посочи дека ако решението е увоз на работна сила тогаш треба да се обратат кај владата за закокнски да се овозможи тоа.

Во истовреме кога доаѓа овој предлог од бизнис секторот течат и преговорите на зголемување на минималната плата.

Иако стопанството посочува дека не е подготвено за ново зголемување, владата не се откажува од намерата. А паралелно понуди субвенции за фирмите кои ќе ги зголемат другите плати.

Стопанствениците пак изминатите години алармираат дека се соочуваат со недостиг на кфалификувана работна сила.

Според податоците на Агенцијата за вработување – во јуни годинава бројот на лица кои бараат работа во земјава изнесувал 87.848, а најголемиот дел од нив или дури 80.817 се без образование, со непотполно средно образование или пак само со завршено средно образование.

Останатите 7.031 кои бараат работа се со завршена виша школа, факултет, или се магистри на науки и доткори на науки.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ