Фрчкоски: меѓународен договор би бил силна гаранција за решение на спорот за името

Доколку се склучи меѓународен договор меѓу Македонија и Грција тој ќе биде силна гаранција за сигурноста на решението за спорот за името, смета универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски. Тој ќе биде ратификуван од парламентите на двете држави , Уставот нема да се менува а договорот не може да биде предмет на оценување на уставноста пред Уставниот суд бидејќи е израз на вољата на страните кои го потпишуваат.Ваквиот договор би бил депониран во Обединетите нации, а гаранциите за неговото почитување се содржани во членот 118 од Уставот  кој гласи ,,Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со уставот се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон,,.

Што се донесува на прашањето за евентуален референдум, Фрчковски вели дека тој не може да го поништи договорот.

Очекувањата се дека со евентуалниот  меѓународен договор ќе бидат задоволени барањата и на Македонија за неменување на Уставот како и инсистирањето на Грција сите натамошни влади да го почитуваат  договореното име.

 

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ