Привремено затворен погон на Арчелор Митал од каде протече киселина во Вардар

Државниот инспекторат за животна средина стави привремена забрана за работа на погонот на компанијата Арчелор Митал од каде што поради дефект се излеа индустриска мешавина на железо и киселина во Вардар. Инспекторите се уште немаат информации колкава е еколошката катастрофа која пред неколку дена и се случи на реката бидејќи се уште пребројуваат колку рибен фонд е изгубен и колкава водна површина е зафатена.

Забраната за работа на погонот ќе трае три месеци или пак се додека не биде отстранет дефектот којшто настанал и поради кој индустриски материјал заврши во водите на Вардар, велат од Државен инспекторат за животна средина.

Викендов активисти побрзаа да снимат видеа од пожолтената река, а реакцијата на инспекторите уследила нешто подоцна затоа што сите инспектори биле на службен пат, за емисијата Топ Тема вчера изјави државниот секретар за екологија.

Главните ингеренции околу еколошката катастрофа во Вардар се кај инспекторите, но во целата оваа ситуација гласен е и градоначалникот Шилегов. Тој инсистира институциите да размислат освен прекршочна пријава, загадувачот да добие и кривична пријава. Во меѓувреме тој се пофали со други мерки кои ќе ја подобрат животната средина, но најдоцна од пролет догодина.

Новите автобуси ќе бидат платени околу девет ипол милиони евра. Дел пари од Европската банка за обнова и развој, а дел од градската каса.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ