
Нови директори на кардиологија, стоматологија и очни болести
Нови в.д. директори се именувани на клиниките за кардиологија, очни болести и на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје.
Клиниката за кардиологија ќе ја води д-р Жан Зимбаков, на местото на д-р Беким Поцеста, кој е разрешен од оваа функција. Во Универзитетска клиника за очни болести за в.д медицински директор е именуван д-р Христиан Дума, на местото на д-р Беким Татеши. За в.д медицински директор на стоматолошкиот клинички центар е назначена д-р Амела Цана, на местото на д-р Агим Караи, соопштија од министерството за здравство.
Новите назначувања се после доставените оставки од директори од Алијансата за Албанците.