Надоместокот на обвинителите од СЈО доверлива информација

Обвинителите во Специјалното обвинителство, поради доверливоста на нивната работа со преслушување на бомбите,  добивале надоместок, ист колку и нивната регуларна плата, а одлуката е класифицирана доверлива информација, која сега, по разрешувањето на Катица Јанева никој не може да ја ослободи од тајност. За тие исплати, обвинителите имаат обврска да молчат до крајот на животот, а исплаќани се од ставката договорни услуги, во буџетот на сјо. КОД ги откри и анализира и завршните сметки на СЈО за последните три години и ги спореди со оние во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ