70 полесно повредени во земјотресот во Албанија

Околу 70 полесно повредени во земјотресoт добија лекарска помош во болниците во Тирана и Драч. Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу ги посети повредените од денешниот земјотрес кои се хоспитализирани во болница во Тирана. Таа информира дека ниту еден од повредените не е во сериозна состојба. Вкупно 68 лица добиле медицинска помош, од кои најмногу во Тирана и Драч. Во болница во Тирана задржани се 21 граѓанин, а повеќето повредени се пуштени дома. Земјотресите предизвика значителна материјална штета. Албанскиот премиер Еди Рама го откажа патувањето за Њујорк во ООН и вечерва се враќа од Франкфурт поради создадената ситуација по силниот земјотрес.

Двата последователни земјотреса од соседна Албанија што се почувствуваа попладнево во западниот  дел од земјава ги испаничија и жителите на Дебар.

Првиот земјотрес кој беше со поголем интензитет предизвика паника, осбено меѓу жителите на повисоките катови од станбените згради, кои ги напуштија своите домови и подолго се задржаа надвор. Дел од нив по вториот потрес заминаа кај свои блиски кои живеат во куќи и, како што велат, таму ќе ја поминат ноќта.

Епицентарите на двата земјотреса биле во близина на прстанишниот град Драч. Првиот  со јачина од 5,8 стапени според Рихтер и во Јадранското Море, а вториот регистриран десетина минути подоцна имал магнитуда од 5,6 степени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ