Организацијата на ученичките екскурзии да биде по европски правила

Училиштата екскурзиите во и надвор од земјава да ги планираат заедно со Туристичките агенции. Промена на правилникот за организирање на ученичките ексурзии мора да се направи согласно европската директива, којашто е ригорозна за агенциите и возачите, ова се дел од барањата на комисијата при  Стопанската комора за туризам, којашто на оваа тема дебатираше во Штип. Секој автобус од 1 јануари 2020 мора да има дигитален тахограф, а возачот може да вози девет часа, додека на меѓународните ексурзии двапати по десет часа по што треба да направи 24 часовна пауза. Бугарија и Србија веќе донеле одлуки да нема ноќно возење на ученици.

Кашиков вели дека наставно научните ексурзии во земјава треба да се прават во соработка со агенциите, но и да се прават согласно наставната програма. Не може во еден ден од Берово до Охрид, да се посетат Скопје, Матка, Вруток, Свети Јован Бигорски, манастирот Рајчица и во 22 часот да се пристигне во Охрид

Директорот на регионалното електро-машинско училиште, Дејан Павлов вели дека одговорноста при организирањето на екскуриите е голема, затоа и мора доследно да се следи правилникот, а што ќе видат попат  им е сугерира и  Бирото, на пример како училиште мора да посетат фабрики од машинската и електро струка, а не локалитети, кои одговараат за гиманзиската срука.

Стопанската комора за туризам од Министерството за образование и Бирото ќе бараат промена на правилникот и организирање на дебата со училиштата, со цел да биде во него предвидено се за безбедност на сите.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ