Боки 13-ка на распит за „Рекет“ во понеделник напладне

Првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски познат како Боки 13 в понеделник во 12 часот ќе даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал, потврдија од Обвинителството за Телма.

Катица Јанева ќе даде исказ в вторник.

Јовановски е во притвор веќе два месеца и тој досега не беше повикан на распит кај Вилма Русковска. Тој ќе треба да се соочи со сите докази кои во меѓувреме ги собра Русковска додека трае истрагата за Рекет и во која беа сослушани повеќе десетици сведоци и лица од можеа да се добијат потребни информации.

Јанева даде исказ кај Русковска само еден ден пред Обвинителството да побара притвор, кој сега и е продолжен за нови 30 дена.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ