
(видео) Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13, дава исказ во обвинителството
Агапи Дика во 10 часот дојде како лице од кое може да се добијат потребни информации во Обвинителството за организиран криминал за случајот Рекет, инаку таа е претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13.
На прашањата на Телма рече дека не знае за 700-те илјади евра кои што од пензионерката Лилјана Тодоровска легнале на нивна сметка.
Денеска во обвинителството е повикан и бизнисменот Зоран Азманов кој предходно во јавноста говореше дека и врз него се вршел рекет.
Утрово прва како лице од кое може да се добијат потребни информации била повикана и продавачка од бутикот Пијер Карден.
Вчера во обвинителството, според информациите на Телма сведочела и Јованка Кухар која според информациите на веб страната на меѓенародниот сојуз е главен финасиски координатор.
Изминатиот период во свои искази дадоа бизнисменот Силјан Мицевски, пријателката на Боки 13 Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.
Инаку во за случајот Рекет се осомничени специјалната обвинителка Катица Јанева, сопственикот на 1 тв Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец, кои се во притвор.
Елена Ивановска