Членот на Судскиот совет, Богдановски бара да се дискутира за „Топ тема“ на ТВ Телма

Членот на Судскиот совет, Владо Богдановски бара на денешната седница да се дискутира за дебатни телевизиски емисии и за новинарски написи во врска со работата на Советот. “За мене е болно кога некој на телевизиска дебата не нарекува џелати и криминалци во правосудството.

Особено некои адвокати и екперти што употрербуваат имиња кои не доликуваат“, рече Богдановски и побара под точка разно да се дикутира и околу неговите забелешките за последната емисија на „Топ тема“ на ТВ Телма.

Претсдателот на судскиот совет пак објасни дека денеска нема да се одлучува за разрешување на судии,туку ќе се бира кои членови на советот ќе ги предводат постапките за барање одговорност на судии.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ