
Насилството во средните училишта се поприсутно
Се зголемува насилството во средните училишта. Дури 70 проценти од анкетираните средношколците, кажале дека во нивното училиште има насилство. Во ера на Фејсбук, Инстаграм Твитер , вербалното насилство е поизразено во живо „еден на еден“. Учениците најмногу се пожалиле дека се мета на потсметвање и озборување, кое надлежните честопати го сметаат за детска игра.
Анализата на коалицијата за младински организации – Сега, открила дека учениците поинаку перцепираат насилството ако не се директни учесници, и не сакаат да се мешаат и пријавуваат ако не им се случило на нив или нивни другар. Истражувањето покажало и дека е голем бројот на прикриени насилници.
Oд работата на терен, разговарањето со средношколците и наставниците, невладините имаат јасна препорака, дека институциите мора повеќе да работат меѓусебно.
Анализата на коалицијата за младински организации – Сега е направена во 15 средни училишта во 8 града во Македонија.
Теодора Цветковска