
Ребалансот на буџетот пред пратениците
Во собранието денеска почна расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година.
Според предлогот, вкупните приходи со ребалансот на буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228,3 милијарди денари.
Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет, тврди министерката за финансии, Нина Ангеловска.