
Судскиот процес Tалир 2 одложен за 15-ти Октомври
Обвинителката Ленче Ристоска доби одобрение од јавниот обвинител, Љубомир Јовески, да го застапува обвинението во предметот „Талир 2“.
Во случајот обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски и екс генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски.
Се товарат за малверзации и злоупотреба на службената положба при избор на компанија за изградба на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
На денешното рочиште адвокатите побараа одлагање затоа што го оспоруваат овластувањето на старо-новите обвинители Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски.
Во исто време адвокатот на Никола Груевски, кој е азилант во Будимпешта, бара одложување за консултаации со својот клиент, бидејќи полномошното му било само за предмети пред СЈО.
Ристовска рече дека тука нема ништо спорно бидејќи полномошното се дава до крајот на завршување на предметот а во однос на преземањето на предметите таа во судницата објасни дека според законот за СЈО јавниот обвинител може да ги преземе предметите од специјалното.