Состанок на Акциската група за координација на институциите за борба против дезинформации и напади на демократијата

Конститутивен состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата ќе се одржи денеска во Владата на Република Северна Македонија.

Состанокот, како што најави владината прес-служба, ќе го отвори и модерира министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, по што ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ