
Османи во мисија по европските метрополи за датумот за преговори со ЕУ
Берлин, потоа Париз се на списокот на вицепремиерот Бујар Османи за убедување дека Македонија треба да добие датум за преговори од ЕУ во октомври. Тој како што рече сите се растрчани по европските метрополи да потврдат дека сите се уверени во напредокот кој го постигна земјава.
Информаците мои, кои што очекувам утре да ги потврдам во Берлин, е дека Бундестагот на 26, ќе даде, ќе ја потврди препораката на Комисијата за започнување на за преговори, без никакви условувања за Република Северна Македонија. Ќе ја продолжам посетата и во другите држави, вклучувајќи ја и Франција, да видиме каде и да има скептицизам, по однос на ова прашање, да може аргументирамо да го сузбиеме или елиминираме овој скептицизам, рече Османи.
Османи е убеден дека во октомври земјава ќе ги почне преговорите. Во тоа е уверен и претседателотот на Европскиот Комитет на регионите, кој рече дека не случајно е сега во посета на земјава.
Јас сум тука на 27 дена пред одлуката на Европскиот совет за почеток на преговорите. И тоа не е случајно. Тоа е и симбол. Овој Комитет е убеден дека моментот е сега, а не подоцна да се донесе правилна одлука и да се почне со преговорите, поглавје по поглавје, изјави Карл-Хајнц Ламбертс, претседател на Европскиот Комитет на регионите.
За македонскиот модел на децентрализација на локалната од централната власт Ламберс, вели дека од она што го видел тука, тоа е позитивно.
Локалната децентрализација е избрана, и на ниво на компетенции и на ниво на фискалната децентрализација. И сега мора да биде имплементирано и тоа ги засега сите ниво на политиката, рече Ламбертс.
За надминување на проблемите на локалните самоуправи вицепремиерот за европски прашања пак смета дека примарно мора да се зајакнат капацитетите на локалните власти.
Република Северна Македонија има потреба од т.н. Маршалов план за градење на човеки капацитети на локалната самоуправа за менаџирање на проекти, изјави Османи.
Османи смета дека за подобрување на функционирањето на локалните власти потребно е јакенње на човечките капацитети, фискалната децентрализација, како и рамномерниот регионален развој.
Тамара Грнчароска