Османи: Реакциите за видеото се хистерија

Откако ги прочита таблите и вршеше саботна инспекција на примена на законот за двојазичност, вицепремиерот Османи денеска реакциите за неговото видео ги прогласи за хистерија. Тој вели дека не вршел инспекција туку јавен увид и промоција за почитување на законите- што е една од обврските на министрите. Иако Собранието за 6 месеци не успеа да изгласа закон за инспекторат кој треба да проверува дали законот за употреба на албанскиот јазик се применува, за вицепремиерот за интеграции, смета дека грешката е во јавноста. Таа реагирала пресилно и му укажува укажува дека мора да се работи на меѓуетничките односи, иако не гледа грешка во своето видео.

Османи отиде дури и подалеку, вели дека во неговата партија има секогаш државно знаме, но и дека ако треба ќе врши проверки и во Тетово за да види дали се почитува законот и не се истакнува знамето на Македонија. Првата шанса веќе ќе ја има на 11-ти октомври.

По неговото видео, тој доби и казна за сообраќаен прекршок иако тврди а се гледа и на видеото дека на телефон зборува само додека автомобилот стои. Но ги пофали сообраќајците на МВР за брзата реакција и вети дека ќе ја плати казната. Владата застана на негова страна затоа што неговата саботна активност ја сметаат за активности кои се вообичаени за претставници на владата, а тоа се проверки како се спроведуваат проекти, закони и обврски.

Проверката на табли на институции од страна на потпретседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи не е инспекциски надзор, туку со цел од прва рака да види како се спроведува Законот за употреба на јазиците, одговараат од Владата.

Таблата поради која се јавуваше на директор на агенцијата за администрација, а во петокот не била ставена поради техничка грешка сега е ставена на зградата, потврди вицепремиерот. Во агенцијата која треба да го помогне спроведувањето на законот имало и десетина граѓански пријави дека определени институции не ставиле двојазични табли. Казните се движат до 5 илјади евра за институција и до илјада и пол евра за директорите кои нема да го почитуваат законот.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ