Нема термин за нови преговори за законот за ОЈО

            И покрај очекувањата, не е закажана нова рунда преговори за Законот за обвинителство. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не можат да се договорат кој да раководи со Обвинителството за организиран криминал. Опозицијата не прифаќа посебно обвинителство за висока корупција а не сака ни Вилма Русковска да раководи со фузионираното обвинителство поради досегашна наводна политизираност. За власта, ова е мешање на политиката во судството.

            Најважно е што се обезбеди континуитет на предметите на СЈО, велат од СДСМ. За ВМРО ДПМНЕ преземањето на прдметите во Јавното обвинителство е рамно на државен удар.

            И покрај бројните несогласувања, во тимовите на двете партии владее оптимизам дека набрзо ќе се најде решение за законот за обвинителство. Во Собранието почна па прекина амандманската расправа, а доколку се постигне договор, можно е да биде поднесен сосема нов текст. Потребно се гласовите на најмалку 80 пратеници.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ