„Вашингтон Пост“: Страницата „Ветераните за Трамп“ на Фејсбук била хакирана од бизнисмен од Македонија

Страницата „Ветераните за Трамп“ на Фејсбук била хакирана од бизнисмен од Македонија, пренесува „Вашингтон Пост“. Биле потребни месеци за сопствениците да ја вратат контролата над страницата.

Станува збор за Фејсбук страница со над 100 илјади следбеници кои се претежно ветерани кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп. „Бизнисмен од Северна Македонија ја киднапирал страницата оставајќи ги Американците беспомошно да гледаат како таа работи под странска контрола“, пишува „Вашингтон Пост“. Американскиот весник објаснува детално како им е преземена страницата на американските ветерани:

  • Преземањето на фејсбук страницата на американските ветерани почнува со навидум наивна понуда до администраторите од лице кое се претставува како Андреј Спасовски и им нуди да им генерира профит преку нивната страница ако тие му дозволат да постира реклами. Ветува профит од десетици илјади долари годишно, а сето тоа преку нивната компанија „Ад Брејк“. Ветерантие наивно го прифаќаат договорот, за подоцна да сфатат дека се измамени кога го губат својот админ пристап до страницата. Ветераните откриваат дека компанијата „Ад Брејк“, всушност, е регистрирана во Куманово, Северна Македонија. Тие до Фејсбук пријавиле непријателско преземање од странски ентитет, објави Вашингтон пост.

Ветераните и активните членови на американската армија се популарен таргет на „фабриките на лажни вести“ кои што се обидуваат да ги манипулираат онлајн затоа што нивниот одзив на изборите е меѓу најголемите во САД.

Според весникот, во приказната е вмешан и братот на адвокатот од Велес, Трајче Арсов, за којшто ИРЛ и партнерите од Проектот за известување за организиран криминал и корупција и „Базфид“ објавија дека е вистинскиот сопственик на најпуларниот веб сајт од т.н. наречената велешка фабрика за лажни вести.

Велешаните се прославија со претседателските избори во САД во 2016 година за што во матичните и други земји беа истражувани за можно влијание врз кампањата, по јавните прозивки дека тие му помогнале на Трамп да ја добие претседателската битка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ