
Антонио Димов нов директор на затворот Идризово
По само неколку месеци најголемиот затвор во Македонија Идризово ќе добие нов директор откако од раководната позиција се повлече кадарот назначен од Алијансата за Албанците која ја напушти владината коалиција.
Така за нов директор на КПУ Идризово Владата го назначи Антонио Димов од ЛДП кој е и извршен секретар на оваа партија.
Димов има завршено економски факултет. Прво се вработил како советник за надворешна трговија во велешката компанија „Брако’. По пет години преминал на работно место во Царинската служба на „Фершпед“ за по седум години да стане финансиски советник на неколку велешки компании.
Идризов е затвор со најлошите услови за затвореници во Македонија каде со години се регистрираат бројни проблеми, од очајна хигиена се до несреќни случаи.