Една, три, шест или осум изборни единици?

Се зголемува бројот на идеи за менување на изборниот модел.

Група од 12 пратеници од помалите и од партиите со етнички предзнак поднесоа иницијатива за една изборна единица според пропорционалниот модел  со отворени листи.

Велат дека досегашниот модел обезбедува мандати само за неколку поголеми партии, а другите ги принудува на предизборни коалиции.

Бараат средба со спикерот Џафери но и директно учество во разговорите на работните групи.

Работната група меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ  за реформа на изборното законодавство не се состанува. Двете партии имаат различни ставови.

Опозициските Беса и Алијанса се залагаат за задржување на пропорционалниот модел, но во различен број изборни единици.

Пред изборите во 2020-та, Изборниот законик секако ќе се менува поради големиот број пропусти посочени од домашните и од меѓународните  експерти. Неизвесно е дали тоа ќе вклучи и промени во изборниот модел, но извесно е дека е потребен консензус за секоја промена во изборното законодавство.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ