Прв доделен предмет од Јовески: Бубевски и Фетаи ќе пуштаат бомби на Монструм?

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и на утрешното рочиште за Монструм ќе бидат обвинителското ДУО кое ќе го застапува обвинението, дознава Телма. Но наместо како до сега со полномошно од Катица Јанева тие во судница ќе влезат со овластување на државниот обвинител Јовески.

Неговиот потег да го распредели прв Монстурм следува откако минатата недела најави дека при распределувањето на предметите приоритет ќе имаат оние што се во фаза на судење за да се избегнат дополнителни одлагања.

По Монструм наредните денови до крајот на неделата закажани се и Титаник кој до сега го водеше Лиле Стефанова, Тарифа за која беше задолжен Трајче Пеливанов и Тотал, обвинителката Елизабета Јосифовска

Но утрешното рочиште за Монструм е интересно не само поради тоа што ќе биде прво откако надлежноста премина во републичкото обивнителство туку и затоа што претходно беше планирано да се слушаат бомбите.

Одбраната барем во овој случај инсистираше на тоа да се слушнат илјадниците бомби.

Но нивното емитување во судница може да биде и своевиден тест за ставот на судиите и на Кривичниот суд по ова прашање, откако предметите повеќе не се во надлежност на СЈО.

Јовески претходно изјави дека очекува адвокатите да ја оспоруваат употребата на ваквите докази на судењата но потсети дека за овие докази судовите веке се изјасниле и ги одобриле.

Обвинителите од СЈО и  денешниот работен ден го започнаа во канцелариите каде 5 години работат како помошници на Катица Јанева.

Иако советот ги врати во матичните обвинителства и тие останаа на Рузвелтова да ги чуваат предметите, новиот шеф Јовески им го довери додека не одлучи што понатаму.

Сепак извесно е дека ако продолжи денеска почнатиот тренд и истите обивнители бидат овластени за истите случаеви, и обвинителите ќе останат во зградата каде што се предметите. Единствено што ќе се промени е работодавачот.

Тие ќе се водат како вработени во матичните обвинителства и од таму ќе добиваат плата. Така на пример во скопското обвинителство се враќаат 5-мина обвинители Фетаи, Ристовска Бубевски, Ајро И Пеливанов.

Но денеска во скопското обвинителство се уште не пристигнала одлуката на Советот на јавни обвинители дека ги враќа назад, потврдија од таму за Телма. Објаснуваат дека откако ќе ја добијат ќе треба во агенцијата за вработување да се промени статусот и овие обвинители да бидат пријавени како вработени во Основното скопско обивнителство.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ