Фрчкоска: Јанева не е специјален обвинител не може да ја злоупотреби функцијата- се бара укинување на притворот

Ирена Фрчкоска, адвокат на Катица Јанева, во интервју за ТВ 21 најави дека денеска ќе побара укинување на мерката притвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Фрчкоска додаде дека доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин, Јанева има право да бара соодветен надомест. Како гаранција за ослободувањето од притвор, Јанева ќе понуди гаранција во недвижен имот.

„Законот и дозволува на Јанева да поднесе тужба за разгледување на одлуката за разрешување и да бара соодветен надомест доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин. Но, прво треба да ја примиме одлуката, па ќе видиме како ќе постапиме. Ние сме во фаза на подготовка на барањето за укинување на мерката притвор“, изјави Фрчкоска.

Таа рече дека денеска ќе пушти барањето, ќе бара Јанева да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот.

„Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае“, изјави адвокатката Фрчкоска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ