ВМРО ДПМНЕ инсистира на прв човек во Обвинителството

            Обвинителството за организиран криминал треба да биде раководено од опозицијата. Ова е одговорот на ВМРО ДПМНЕ на предлогот на власта за утврдување заеднички прифатлив кандидат во обвинителството за висока корупција.

            За Владата, неприфатливо е менување на Вилма Русковска пред истекот на нејзиниот мандат и политичко договарање на нејзин наследник.

            Владата и натаму гледа потреба од посебно обвинителство за висока корупција, наспроти опозицијата која тоа го нарекува хибридно решение, и предлага постојното обвинителство да ги преземе надлежностите на СЈО. Предлогот на ВМРО ДПМНЕ претставува одговор на текстот што пред три дена го добиле од Владата. Идеите ќе бидат разгледани на наредната средба на работните групи, некаде кон крајот на работната недела.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ