Од патарини за шест месеци наплатени 18,2 милиони евра

Се зголемува наплатата на патарините во земјата, секоја година се слеваат се повеќе пари во касата на Јавното претпријатие за државни патишта. Од наплата на патарини во првите шест месеци од годинава инкасирани се 18,2 милиони евра, покажуваат пресметките на Телма.

Оваа сума е за 600 илјади евра повеќе од она што е наплатано лани во истиот период, кога биле инкасирани 17,6 милиони евра. Финансиските извештаи покажуваат дека до крајот на годината Јавното претпријатие за државни патишта планира да прибере 44,7 милиони евра од наплата на патарини. Досега, во првиот квартал се собрани 8 милиони евра, додека во вториот 10,2 милиони евра.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ