Чиј е предметот „Транспортер“ – и СЈО и ЈО бараат одложување

Две обвинителства испратија барање до судот каде денеска требаше да се одржи рочиште за предметот „Траспортер„
И Специјалното и Јавното обвинителство барале одложување на рочиштето. Во меѓувреме додека предметите од прислушкуваните разговори ги презема републичкото обвинителство, надлежноста како да ја имаа и двете обвинителства и СЈО и ЈО.
Судот следното рочиште го закажа за 23 септември.

Денеска во судот беше одложено и рочиштето за предметот „Траекторија“ .

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во предметот „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Во петокот беа одложени и судењата „Титаник“, „Титаник 3“ и „Тортура“, поради префрлање на предметите од СЈО во Републичкото јавно обвинителство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ