
Малку пари – малку туристи, бавно оди развојот на туризмот во внатрешноста
Богатството на геотермалните води, планините, клисурите, вештачките езера, манастирите и живописната природа на Брегалничкиот регион се дел од убавите приказни за развој на туризмот.
Но, според надлежните за да се развие оваа гранка во регонов потребни се пари, стратегија и луѓе. Сметаат дека можеби ќе се подобрат со поголема општинска соработка, но скромните буџети засега ги сопнуваат. Затоа помош бараат и од државата, а максимално ги користат и европските фондови,
И експертите од Србија сметаат дека позитивните искуства на Балканот треба да се користат. Во оваа земја се работи на изградба на нови хотели, какошто е премиерот во бањскиот туризам
„Во Врњачка бања се прави хотел каде се планира годишно да доаѓаат околу 100.000 кинески туристи. Ние очекуваме тука навистина сериозна приказна, а од друга страна минатата година договривме соработка и со Индија и тие прават еден голем хотел. Така што ние ќе се развиваме и во тој дел, затоа што сегашните ресурси не ни се доволно искористени” – вели универзитетскиот професор Драган Цвијановиќ.
Директорот на Агенцијата за развој и промоција на туризмот смета дека важен е регионалниот пристап, а туристите ќе се привлекуваат заедно со Црна Гора и Србија
Според последните истражувања на Рурална коалција потребно е да се работи на обука на населението, но и да им се помогне како да ги користат државните и европските фондови за да влезат во бизнисот со руралниот туризам.
Викторија Јованова