
КОД: Нов случај поврзан со “Рекет”?
Според договорот што го склучиле се работело за изготвување проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права.
Барем така го нарекле проектот кој наводно требало да го помогнат од Европската Унија.
Договорни страни во него се авторот и коавторот на идејата. Како автор свој потпис ставила пријателката на Боки, како коавтор се потпишала градежната компанија.
Во делот од воведот на договорот кој е склучен на нотар била вклучена и изработка на медиумска програма со едукативен карактер, дел од медиумската програма требало да ја едуцира публиката за Европската Унија, дел била наменета за водење здрав живот и последно за подобрување на оптестевната одговорност.
Но ова го има само во воведот, додека понатаму целите на проектот би биле многу поблагородни-барем на хартија.
Се предвидувало да се градат домови за сиромашни, овој пат за млади.
Но преку проектот не би се обезбедувало само дом за младите туку и им се овозможувало и да спортуваат и едуцираат.
Според договорот обврска на коавторот било да ги изведува градежните работи, но само откако Интернационалната асоцијација за заштита на човековите права ќе ги добие парите од Европската унија.
Со други зборови парите не биле добиени, работа за градежниците наводно била обезбедена, а за возврат тие требало да платат за идејата
Билјана Николовска