
Советот на јавни обвинители ја разреши Катица Јанева
По едночасовна расправа зад затворени врати Советот на обвинители одлучи да ја разреши од функцијата специјалната обвинителка Катица Јанева.
Со разрешувањето на Јанева престанува и мандатот на другите обвинители од СЈО.В Д шеф нема да се предлага.
Советот на јавни обвинители на денешната вонредна седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен обвинител Катица Јанева поради незаконско, нестручно и несовесно работење, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски по завршувањето на седницата.
На целиот процес му претходеше и собраниска седница на која со 102 гласови “ за” пратениците ја разрешија специјалната обвинителка Катица Јанева.
Секое правно лудило, вака завршува рече Илија Димовски образложувајќи го предлогот на Комисијата за избори и именувања.
СДСМ и ДУИ порачаа дека правда за сите мора да има.
Беса смета дека партиите го погребале СЈО а правдата во државата е селективна.
Јулијана Пешевска