Песимизам кај аналитичарите за датум за преговори по случајот “Рекет”

Случувањата со аферата Рекет без дилема дојдоа во многу лош момент во кој се решаваа за  долгочекуваниот датум за почнување преговори за евроинтеграции, смета политичкиот аналитичар Мехмети. Сепак тој е оптимист дека нештата може се подобрат.

 “И покрај тоа што ова е сериозна афера која ги вклучува едни од најрелевантните актери кои требаше да ги подобрат нашите шанси а не да ги влошат. Но ете така се случи . А тоа што ни дава надеж за оптимизам е што државата значи системот реагираше сепак и тие што ги направија овие дејствија сепак се во процес да бидат одговорни, да одговараат за тоа што го направиле” – оцени политичкиот аналитичар, Ибрахим Мехмети.

 “Има можност да се издејствува долгоочекуваниот датум за преговори, но пак ќе речам не сум оптимист или ако има датум тој нема да биде сега. Ќе биде догодина, сега ќе го одредат ама ќе биде догодина да речеме до јуни или некоја подалечна иднина” вели политичкиот аналитичар Александар Кржаловски.

За жал и самите партии по она што го гледаме со работните групи за донесување на Законот за обвинителство и придонесуваат кон тоа. Тие  иако се повикуваат на одговорност да не се гледаат партиските интереси, туку државните се чини дека тоа  најмалку гизагрижува, смета Кржаловски.

Сметам дека одговорноста е заедничка . Од една страна на власта дека е во позиција да ги изгласа работите, кога успеаа уставни промени да се изгласаат не гледам зошто би било пречка за полесни работи да се изгласаат. На крајот на краевите ако нема согласност од ВМРО ДПМНЕ нека се оди со сите останати.   Од друга страна и ВМРО ДПМНЕ обвинува за одолговлекување на случајот РЕКЕТ но не придонесува за Законот да се донесе порано, така што вината би ја ставил на двете страни – вели Кржаловски.

 “Позициите на опозицијата не се просто политички за судбината на СЈО, туку тука имаме интереси кои што произлегуваат од фактот дека имаме голем број претставници на опозицијата кои треба да одговараат токму во случаите кои ги води СЈО и не можеш да очекуваш некој што треба да одговара за криминал да се грижи за правниот систем” – посочува Мехмети. 

Со избегнување на одговорноста за тоа што случувало и непочитување на правниот систем се повеќе се пролонгира и можниот датум за почеток на преговори за евроинтеграции, сметаат политичките аналитичари.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ