Во прекин сообраќајот Прилеп – Росоман поради шумски пожар

Километарски колони возила со часови се загалвени на Плетвар поради густ чад и намалена видливост од голем шумски пожар над  селата Тројаци и Топлица. Сообраќајот на патот  Прилеп-Росоман е во прекин во двата правца од 15 часот и 40 минути информираат од Автомото сојузот.

Интервенираат противпожарните единици од Кавадарци и Прилеп, а пожарникарите велат дека сосотојбата е исклучително серизона. Пожарот избувнал денеска после 13 часот, а вечерва пламените јазици веќе се до патот. Гори шума, нискостеблести растенија и трева.

Патниците кои попладнeво се затекаа на овој фрекевентен патен правец, со часови се загалвени во колоната, а неизвесно е кога сообраќајот ќе се нормализира.

Полиција дојде ни кажа дека има многу чад на патот, не може да се помине од Дреново наваму, горела шумата, изјави еден возач.

Во прилепско активни се пет пожари. Покрај големиот пожар на Плетвар, гори и во близина на селата Подмол, Бонче, Дебрешта и Долненско каде опожарена е нискостеблеста шума и треви. На терен покрај прилепските пожарникари се и екипи од соседните градови, а гаснењето на пожарот кај Плетвар дополнително го отежнува ветрот.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ