МВР редовно ќе патролира низ болниците

Министерството за здравство ќе плаќа приватна агенција за обезбедување на покритичните места, редовни патроли на полицијата каде има најголема фрекфенција на пациенти се заклучоците по денешниот состанок на министрите Венко Филипче и Оливер Спасовски со претставници на Лекарската комора, здруженијата на млади лекари и претставници на Kомората на медицинските сестри. Бројните инциденти во кои беа нападнати медицинските работници и нивните соработници се причина за ваквите чекори, велат од надлежните министерства.  

Решивме дека ќе направиме постапка за набавка на професионално обезбедување. Тоа е нешто за кое сметам дека сериозно ќе ги зајакне капацитетите, дека е најпрактично дека ќе биде најефикасно и дека ќе излеземе во пресрет на апсолутно сите критични места каде ова може се случи.  Тоа значи дека ние како Министерство ќе земеме обврска да го спроведеме за сите јавни здравствени установи, изјави министерот Филипче.

Во критични места на кои се најзачестени ваквите инциденти во доцните или раните утрински часови се старата Градска болница,Ургентниот центар, Клиниката за кардиологија и Клиниката за токсикологија, но и Клиниката за психијатрија, смета Филипче.

На насилството мора да му застанеме на пат. Тоа мора да престане а законските одредби да се почитуваат на сите нивоа во институтциите на системот“,   вели претседатлката на Лекарската комората д-р Калина Гривчева – Старделова.

Во наредните денови ќе се продолжи со вакви состаноци на кои треба да се изнајде решение за проблемот со насилството, се вели во соопштението на Лекарската комора. Во изминативе десет дена сведочевме на вербални и физички напади врз медицински лица во Тетово и Скопје, кои ја згрозија јавноста . 

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ