Љубомир Јовески влезе во СЈО

Државниот обвинител Љубомир Јовевески, влезе во СЈО.

Од Утрово два часа со специјалните јавни обвинители ја договараа судбината на предметите кои до сега беа во надлежност на специјалното обвинителство. Убедува дека до крајот на денот ќе се заврши предавањето, по што ќе следува попис на списите во секој предмет пооделно и на крај секој предмет ќе се распредели кај обвинител од државното обвинителство.

Тврди дека во меѓувреме процесите нема да стагнираат бидејќи ќе останат во рацете на обвинителите на СЈО.

Сите прислушкувани разговори и транскрипти кои за сега не се дел од ниту една истрага или предмет ќе останат во СЈО под посебни безбедносни процедури како и до сега.

Од СЈО се уште чекаат каква ќе биде одлуката за десеттемина помошници на Катица Јанева, засега само го договарале трансферот на предметите.

По преземањето предметите остануваат кај обвинителот кој постапувал по нив до определување на надлежно јавно обвинителство и обвинител кој ке постапува.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ