
Предметите на СЈО се одложуваат заради трансферот на предметите
Специјалната обвинителка во случајот “Титаник”, Лиле Стефанова, побара одложување на судскиот процес, повикувајќи се на писмото на притворената специјална обвинителка, Катица Јанева, со кое таа се согласи сите предмети на СЈО да бида предадени на надлежно постапување на редовното обвинителство.
“Имајќи го ова предвид, но и тоа што во моментов во СЈО има присутна комисија од јавното обвинителство за примопредавање на предметите, предлагам одложување на судењето” – изјави Стефанова.
Во меѓувреме, одложено е и денешното рочиште за предметот Титаник 3, по барање на СЈО, токму заради примопредавањето на предметите од СЈО во републичкото јавно обвинителство.
Денеска беше одложено и рочиштето за случајот Тортура против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и припаднците на единицата Алфи,при апсењето на Љубе Бошковски.
Според судот, одлагањето е затоа што денеска требало да сведочи Иво Котевски, но тој не е присутен на судењето, затоа што немало уредна достава на поканата.