Започна постапката за пренос на предметите од СЈО во ЈО

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески со група обвинители од републичкото обвинителство, во моментов е во просториите на СЈО каде со специјалните обвинители го договараат трансферот на предметите на специјалното обвинителство, со  што и официјално започна постапката за пренос на овие предмети.

Заради најавениот трансфер на предметите од СЈО во ЈО, деновиве постојано се одложуваат судските процеси кои се водат за овие предмети.

Претходно, СЈО соопшти дека е подготвено да ги предаде и предметите и доказите додека ЈО порача дека е спремно да ги прими и со допис го извести Специјалното обвинителство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ