Милошоски: Заев на лидерска рече дека Јанева ќе излезе од притвор за 10 дена

Случајот “Рекет” ги искомплицирал преговорите на работните групи за законот за ЈО. 

Антонио Милошоски  открива дека на лидерската средба премиерот Заев им соопштил дека Катица Јанева за 10 дена ќе излезе од затворот во Шутка и ќе добие куќен притвор.

Ова според него е доказ за спрегата која постои меѓу Заев, Јанева, Рускоска и Јовески.

Милошоски сепак е оптимист дека постои можност работните групи да продолжат со преговори а лидерите да се сретнат оној момент кога ќе се постигне договор за текстот на законот.

На одговорност на политичарите повикува и СДСМ.

Дуи инсистира на законско решение. Ако има  финални преговори и тие ќе се вклучат во нив.

Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Кога тие ќе дојдат до финалните преговори тогаш ние ќе се приклучме на понатамошните лидеркси средби. Ставот на ДУИ за СЈО вие го знете, тој е да има закон, мора да има решение, мора да се почитува законот ако сакаме да има правна држава. И застоа ДУИ инсистираше да се изврши ветинг врз институциите и да се исчистат институциите од корупција и криминал.” – тврди Милошоски.

Учество во лидерска средба во поширок состав бараат и Алијансата на Албанците и Беса.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ