
Милошоски смета дека работните групи треба да продолжат со работата на законскиот текст
Најдобро во овој момент е работните групи да продолжат да работат на законскиот текст, вели Антонио Милошоски, кој е учествува во работните групи за подготовка на законот за јавно обвинителство со кој се одредува и судбината на СЈО.
Тој пред новинарите рече дека премиерот Заев на лидерската средба завчера рекол дека Катица Јанева по истекот на 30-те дена притвор ќе биде пуштена во домашен притвор.