
Судењата се одлагаат, СЈО утре ќе му одговори на Јовески
Влези – излези во судот прават обвинетите и обвинителите од СЈО деновиве. Судењата експресно се одлагаат поради најавениот трансфер на предмети од СЈО во Републичкото. За неколку минути се одложи и денешното рочиште за „ТНТ“ за уривањето на Космос. Обивнителот од СЈО Бурим Рустеми предложи а адвокатите се согласија дека не треба да има судење. Единствено на шега негодуваа дел од сведоците, дофрлија дека за џабе дошле во суд.
Ако за одлагањето беа согласни, за преземањето на предмети обвинителите и одбраната имаат дијаметрално спротвини ставови.
Адвокатите сметаат дека е незконска операцијата „Трансфер на предмети“. Адвокатот Тасевски прашуваат како може обивнител кој е во притвор да го укинува законот за СЈО односно да го става вон сила мислејки на специјалната обвинителка Катица Јанева која иницираше а републичкиот обивнител Љубомир Јовески прифати да ги земе предметите.
Во моментот нема нов закон, за 4 дена за СЈО останува без обвинители кои би ги застапувале на суд предметите со што би биле целосно блокирани. Во ваква ситуација обвинителот Рустеми единствено решение гледа предметите што тој и неговите колеги ги работеле да ги испратат во републичкото.
За тоа како дали и како ќе му ги дадат на Јовески предметите Рустеми не упати да прашаме во СЈО а од таму одговор најавија утре. Самото предавање на обемни предмети отвора многу прашања од функционален до безбедносен карактер за кои најавија одговори. Претпладнево го добиле писмото на Јовескии кој ги известил дека е подготвен да ги преземе предметите со што процедурата е и официјално е започната.
Елена Ивановска Мукоска