
Бугарскиот претседател ќе ја посети Македонија
Бугарскиот прeтседател Румен Рaдев во петок доаѓа во официјална посета на Македонија. Ќе го придружуваат двајца митрополити на Бугарската православна црква- Николај и Кипријан.
Како особено значајно се толкува присуството на светозагорскиот митрополит Кипријан кој е претседател на Синодската архиерејска комисија за преговори со македонската православна црква.
Оваа комисија беше формирана веднаш откако синодот на Бугрската православна црква одлучи да го прифати барањето да биде црква мајка на МПЦ.
Според митрополитот дебарско кичевски господин Тимотеј, за оваа посета синодот на македонската православна црква нема официјални сознанија. Сепак, доаѓањето на двајцата митрополити го толкува како добар знак и придвижување на работите.
Сепак, вели Тимотеј за Тeлма, не треба да очекуваме многу, односно некој голем исчекор Светиот синод на Бугарската православна црква пред три месеци прифати да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на МП.
Во нивната одлука тогаш стоеше дека со оглед на тоа што Мaкедонската православна црква ја признава бугарската православна црква за своја мајка црква , БПЦ ја прифаќа одговорноста да покаже целосно содејство.
Барањето со кое се бара признавање на автокефалноста на македонсиката црква беше последица на долгогодишните обиди овој статус да биде издејствуван од страна на Српската православна црква.
Сања Јовановиќ Дамјановска