
Известувањето на Јовески стаса во СЈО, предметите стојат
Известувањето со кое републичкиот обвинител Љубомир Јовески ги информира и писмено СЈО дека е подготвен да ги преземе нивните предметите пристигнало претпладнево во обвинителството на Рузвелтова. Од таму најавуваат утре одговор за тоа што кој ќе биде следниот нивен чекор, дали и како ќе се спроведува постапката. Додека трае операцијата Трансфер судењата на СЈО се одлагаат. Денеска на барање на обивнителот од СЈО Бурим Рустеми се одложи рочиштето за ТНТ за уривањето на Космос. Со предлгот се согласија и адвокатите. Единствено на шега прокоментираа дека не се согласуваа сведоците и вештаците и за џабе ли доаѓале денеска. Обвинителот Рустеми рече дека единствено решениe во моментот е да се испратат нивните предмети во републичкото. Како ке ги предаваат не упати да прашаме во СЈО. Адвокатот Боро Тасевски пак како и неговие колеги изминатите денови рече дека ваквиот потег е незаконски.