Кои јавни набавки мирисаат на корупција ќе алармираат црвени знаменца

 

Преку електронски систем ќе се одредува кои јавни набавки ќе се контролираат, сите нема да бидат ставани под лупа. Црвени знаменца вградени во системот ќе алармираат кои зделки се сомнителни дека можат да бидат коруптивни, во тоа ни помага и Светска банка. Директорот на Бирото Георгиески тврди дека новиот закон ќе штити од корупција, а ќе има и одговорност за оние што направиле проневери. Бирото ќе врши и претходна контрола, која ќе ги опфати поголемите и поризичните набавки.

„Институција што ќе ја земе обврската за контрола ќе биде Бирото за јавни набавки, но не на секој оглас, бидејќи не сакаме да ја направиме грешката со Советот за јавни набавки, туку тоа ќе си оди системски и ќе биде добро решено. Системот ќе одреди, заедно со показателите на црвените знаменца, или на секој петти или десети оглас“, вели директорот на Бирото за јавни набавки, Ѓорги Георгиевски.

Прагот оди нагоре, наместо 500, сега договор од над 1.000 евра ќе се третира како јавна набавка или 2.000 евра во секторските дејности. Тоа го барала бизнис заедницата.

„Со тоа се олеснуваат малите набавки, ги решаваме проблемите на многу училишта и градинки, бидејќи тие имаат дефицит на кадар што работи на јавни набавки. Исто така, се зголемува прагот за јавни набавки, но ние уште сме под сите земји во регионот, значи тој не е значасјно зголемен за да имаме страв од зголемена корупција“, вели Георгиевски.

Бизнисмените од сите комори денеска на заедничка маса на прва јавна дебата за законот кој сега е во драфт верзија. Тие сега се информирале и не брзаат да кажат забелешки, велат – добро е што Владата ги вградила нивните барања да не се задолжителни е-аукциите и не само цената, туку у квалитетот да биде одлучувачки за избор.

„Добро е што уште во оваа фаза имаме можност да бидеме вклучени сите како засегнати страни, да дадеме придонес во онесување на ефикасни и применливи законски решенија“, вели Штбевска од Стопанската комора на Македонија.

Носењето на овој нов закон е дел од реформата на јавните финансии, Европа бара да биде усвоен од Собранието најдоцна до октомври, а од стартот на идната година да почне неговата примена.

„Законот го изработи Бирото за јавни набавки, се базира на европските директиви , има вградено и решенија за проблемите и забелешките нотирани досега. Целта на новиот закон е да ја зајакне транспарентноста и контролата на постапките, и во исто време да ги направи поедноставни и полесни за имплкементација“, вели министерот за финансии, Тевдовски.

Странските експерти укажаа дека системот за јавни набавки во земјава е сеуште многу бирократски, фокусиран на формалности и неефикасен.

Преку државните тендери буџетот годишно троши околу една милијарда евра народни пари.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ