Милошоски: Договор може и ќе се постигнеше да не беше премиерот толку нервозен

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој беше дел од преговарачкиот тим, на својот ФБ профил напиша дека премиерот Заев бил нервозен за предметот „Рекет“ и поради тоа не е постигнат договор за законот за ЈО, кој треба да биде донесен до 15-ти септември.

Милошоски напиша:

„Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот “Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во “Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ